Безос се врати на тронот

31

Извршниот директор на Amazon, Џеф Безос ја врати титулата најбогат човек во светот, отстранувајќи го основачот на Tesla и SpaceX, Илон Маск.

Богатството на Маск е намалено за 3,9 милијарди долари, бидејќи акциите на Tesla изнесуваа 796,22 долари за акција и имаа пад од 2,4%, пишува CNBC.

Маск го престигна Безос во јануари и стана најбогата личност на планетата, благодарение на скокот на акциите на неговата компанија за производство на автомобили Теsla.

Сè до минатиот месец, Безос ја имаше титулата најбогата личност од 2017 година.

Богатството на Амazon се зголеми откако акциите на компанијата се зголемија во последните неколку години. Минатиот август тој стана првата личност чие богатство надмина 200 милијарди долари.

Фото: Facebook