Безжичен бесплатен интернет во Центар

38

Безжичниот интернет провајдер Sun Wireless, во соработка со општина Центар, на сите граѓани, посетители и туристи им овозможија бесплатен безжичен интернет. Хот спотови има на повеќе локации во општината Центар и тоа: Улица Македонија (од хотел Бристол до плоштадот Македонија), Рекорд (од плоштадот Пела до некогашен McDonalds), Плоштадот пред хотел Јадран, Кеј 13 Ноември (делот кај ГТЦ), Плоштад Карпошево востание (од црквата Св. Спас на Кале до плоштадот).
Најавено е и дека во скоро време, хот спотови ќе се постават на уште неколку локации низ центар, меѓу кои и кај спортската сала Градски парк и во Дебар маало.