BH Airlines ќе остане без авиони?

45

bhАвиокомпанијата BH Airlines, која е во сопственост на Владата на ФБиХ, би можела на почетокот на следната година да остане без авионите кои во 2005 година се набавени по цена од 18,4 милиони долари на основа на потпишаниот договор со Hypo leasing, пишува Дневни аваз.

Тоа би значело дека BH Airlines практично останува без ниту еден авион и со тоа потполно ќе биде доведено во прашање понатамошното функционирање на оваа компанија, која во последните три години се наоѓа во голема финансиска криза.

Според договорот, т.н. оперативен лизинг, кој е еден вид на наем, кога ќе истече договорот, што е на почетокот на следната година, авионите веќе нема да и припаѓаат на Федерацијата БиХ. BH Airlines, на основа на исплата на лизингот има долг од осум милиони евра, пишува весникот.