Би платиле ли 600 евра за искинати и валкани патики?

12

golden-goose-distressed-superstar-4Италијанскиот луксузен бренд за чевли Golden Goose креираше невообичаена колекција на патики наречени Distressed Sneakers Superstar. Овие обувки буквално изгледаат како да се носени со години, валкани се, на места скинати, а некои од нив и лепени со светкав селотејп.

Патиките, коишто ни малку не изгледаат како нови, се ставени на продажба во луксузната продавница Barneys во Њујорк, по цена од 600 евра, пишува Expansion.

Моментално ова е тренд по улиците на Големото јаболко и истиот е прифатен од многу славни личности. Сепак, дизајнерите се мета на низа контроверзии и критики дека со оваа “валкана” линија на патики се омаловажува сиромаштијата.

golden-goose-black-black-duct-tape-distressed-superstar-sneakers-low-top-sneakers-product-1-17394828-2-703806364-normal

golden-goose-purple-purple-foil-leather-distressed-superstar-sneakers-product-1-22324024-2-954286476-normalDistressed-Superstar-Sneakers-1-e1472569965151