Бидете посреќни – работи што веднаш мора да престанете да ги правите

20

sreka

Фото: Pixabay

Среќата во бизнисот и во приватниот живот често пати повеќе е работа на одземање, отколку на собирање. Понекогаш патот до среќата зависи од тоа што не треба да го правите. Престанете да ги правите овие неколку работи и проверете што ќе се случи:

Обвинување

Луѓето прават грешки. Вработените не ги исполнуваат вашите очекувања. Ги обвинувате за вашите проблеми. Но и вие сте за обвинување. Можеби не сте ги обучиле доволно. Можеби барате премногу, а прерано. Превземете одговорност кога работите ќе тргнат во погрешен правец наместо да ги обвинувате другите. Така ќе станете посилни, затоа што следниот пат ќе ги направите работите подобро и помудро.

Импресионирање

Никој не ве сака поради автомобилот или поради облеката, поради вашата титула или достигнувања. Сето тоа се “работи”. Луѓето можеби ќе ги сакаат вашите работи, но не и вас.

Вистинските односи ќе ве направат посреќни, а врските ќе бидат вистински само кога ќе престане да се обидувате да импресионирате некого и кога ќе почнете да се трудите да бидете она што сте.

Прекинување

Прекинувањето кога некој зборува не е само некултурно. Сакате луѓето да ве сакаат? Слушајте ги што зборуваат. Фокусирајте се на тоа што го кажуваат. Прашувајте ги за тоа што говорат. Ќе ве ценат поради тоа, а вам ќе ви се допаѓа тоа чувство.

Жалење

Жалењето поради проблемите само ќе направи да се чувствувате уште полошо, нема да ги поправи работите. Ако нешто не е како што треба, не трошете време за кукање. Вложете сила и енергија и поправете ја ситуацијата. Не зборувајте за тоа што не е добро. Зборувајте како да ги подобрите работите.

Критикување

Да, поедуцирани сте. Да, имате повеќе искуство. Сте го прошетале светот. Но тоа не ве прави попаметни или подобри од другите. Секој е различен. Прифатете ја различноста и ќе ги видите и другите и себе си во поинакво, подобро светло.

Солење памет

Критикувањето има брат. Се вика Солење памет. Имаат ист татко – Осудување. Колку повисоко се качувате, толку повеќе мислите дека знаете се и сакате повеќе да зборувате. Кога на луѓето им кажувате повеќе од основното, можеби ќе слушаат, но нема да ве чујат што зборувате. А тоа ќе ве направи тажни.

Контролирање

Да, вие сте шефот. Да, вие сте главниот. Сепак, единствената работа што ја контролирате сте вие самиот. Најдете луѓе што одат во иста насока како вас. Заедно ќе работите понапорно, ќе ви биде позабавно, ќе создадете подобар бизнис и подобри врски. И сите ќе бидете посреќни.