
Секој кој води бизнис посакува нивниот бизнис да биде пвв при пребарување на Google. Но како да се постигне тоа без скапи изработки и одржување на веб страни, платени реклами и комплицирани дигитални решенија? Мојата Активност нуди едноставно и ефикасно решение кое ви овозможува да се појавувате при пребарувања на Google и да дојдете до нови клиенти со минимален влог.
Клиентите ве бараат на интернет. Дaли можат да ве пронајдат?
Повеќе од 50 проценти од граѓаните во Македонија пребаруваат користејќи го Google пред да донесат одлука да купат производ или услуга. Без разлика дали бараат ресторан, мајстор, правни услуги или конкретен производ, нивниот прв чекор е секогаш да пребаруваат онлајн. Ако не сте онлајн – не постоите за потенцијални клиенти.
И покрај ова, речиси половина од малите и средни претпријатија во Македонија немаат ниту веб-страница, ниту профили на социјалните мрежи, што значи дека се целосно невидливи за огромната база на корисници која секојдневно користи интернет. Во исто време, конкуренцијата која веќе е присутна на интернет ја гради својата препознатливост, стекнува доверба и привлекува клиенти кои би можеле да бидат ваши.
Како Моја активност ви помага да бидете први во пребарувањето?
Мојата Активност е платформа развиена од маркетинг фирмата Дигитал Агенција Дооел, која со своето богато искуство во дигиталниот маркетинг овозможува секој бизнис да се истакне на интернет, дури и без веб-страница и големи инвестиции. Со создавање профил на оваа платформа, вашиот бизнис автоматски станува видлив при пребарувањето на Google, што ги зголемува вашите шанси да ве најдат и контактираат потецијалните клиенти.
Секој профил на платформата претставува мини-веб-страница на вашиот бизнис, оптимизирана за пребарување на Google. На овој начин добивате видливост без потреба да креирате и одржувате сопствена веб-страна, а потенцијалните клиенти можат лесно да ги најдат сите важни информации за вашата компанија на едно место.
На вашиот профил, можете да додадете информации за вашиот бизнис, детален опис на вашите услуги и производи, фотографии кои ја прикажуваат вашата работа, локација и информации за контакт, како и опција за е-продавница за директно купување преку Интернет.
Ако веќе имате веб-страна или профили на социјалните медиуми, Мојата активност може да ви помогне дополнително да ја зголемите вашата видливост и да го подобрите рангирањето на пребарувањето на Google. Оваа платформа делува како дополнителен канал за привлекување клиенти, а Google фаворизира доверливи извори на информации – што значи дека вашиот профил ќе се рангира подобро.
Видливост и онлајн и офлајн
Покрај присуството на интернет, Мојата активност обезбедува и видливост на традиционален начин преку печатеното издание на деловниот каталог. Каталогот се објавува двапати годишно и се дистрибуира на прометни локации како што се аеродроми, хотели, деловни и трговски центри, со што дополнително се зголемуваат шансите вашите клиенти да ве најдат.
Придружете се веднаш и обезбедете го вашето место на врвот на Google пребарувањата.
Додека другите размислат – вие дејствувате!