БиХ: Дијаспората испрати 341 милион евра во првиот квартал

15

Граѓаните на Босна и Херцеговина кои работат во странство во својата татковина испратиле дознаки во вредност од 340,98 милиони евра во првите три месеци од оваа година, во однос на 339,44 милиони евра во истиот период лани, пренесуваат тамошните медиуми.

Во текот на минатата година, дијаспората во БиХ испрати 1,28 милијарди евра, што е значително помалку на годишно ниво одошто во 2019 година, кога пристигнале 1,51 милијарда евра.

Фото: Pexels