Фото: Pexels
Еден килограм масло од смил (Helichrysum arenarium) во Босна и Херцеговина надминува цена од 800 евра, пишува Акта.ба.
“Најголем процент на масло има во дрвенестиот дел, додека во цветот скоро и да го нема, но и тоа се бере бидејќи тогаш е најквалитетен. Откако ќе се набере, треба да се дестилира во рок од 24 часа“, вели производителка на ова масло од Босна и Херцеговина.
Според нејзе, маслото е корисно и се користи во фармацевтската индустрија, а најмногу се извезува за Америка, Кина и Хонг Конг. Цената по којашто се продава еден килограм масло е околу 800 евра (1.600 конвертибилни марки). Ова масло е сирово и претставува полуготов производ.
“Оваа година процентот на масло е помал од вообичаено. Маслото е специфично бидејќи се изразува во килограми, а не во литри. За килограм масло понекогаш е неопходно еден тон зелена маса, а најдобрата масленост оваа година изнесуваше 325 килограми од зелена маса – килограм масло“, додава таа.