БиХ не ги исполни условите за нова рата кредит од ММФ

20

imfБосна и Херцеговина не ги исполнува условите потребни за исплата на нова рата од кредитот по основа на stand-by аранжманот, предупредија од канцеларијата на ММФ во Сараево, со назнака дека во текот на месец мај ќе бидат продолжени договорите за евентуално продолжување на финансиската помош за оваа земја.

Претставникот на ММФ за БиХ, Рубен Атојан, констатирал дека парламентот на БиХ се уште не го усвоил законот за единствени трошарини за различни тутунски производи, што е еден од условите за располагање со парите одобрени со тековниот двогодишен stand-by аранжман вреден околу 415 милиони евра, заклучен во 2012 година.

Новата рата на која сметаа во БиХ требаше да изнесува 47,5 милиони евра.