БиХ: Од собирање печурки заработка и по 10.000 евра

241

SONY DSC

Производството или берењето на печурки, како и собирањето на лековити билки и нивно одгледување во Босна и Херцеговина прераснуваат во сериозен бизнис, а профитот од продажбата во една сезона често пати се мери и во неколку илјади евра, пишува босански Капитал.

Големата предност на берачите на овие растенија е во тоа што кога е откупот во прашање, немаат никакви проблеми бидејќи на пазарот има константна побарувачка за овие производи.

Официјалните бројки покажуваат дека приходите на БиХ од извоз на печурки е околу шест милиони евра. Едно семејство од Лакташ за една сезона од собирање печурки заработиле 10.000 евра.

“Еден килограм сушени печурки од типот црна труба чини околу 100 евра, додека сировите имаат цена од околу половина евро. За еден килограм сушени треба да се соберат 15 килограми сирови печурки. Тартуфите се околу 150 евра по килограм, а цената на сировите вргањ и лисичарки се од 1,5 до четири евра по килограм“, вели Боро Мариќ, претседател на Асоцијацијата на собирачи на печурки на Република Српска.

Кога станува збор за лековитите билки, БиХ има голем потенцијал и шанси за развој.

“Се проценува дека имаме повеќе од 400 самоникнати билки со лековити својства, од кои 170 видови се собираат како за лична, така и за комерцијална употреба. Комерцијално, на пазарот се продаваат и извезуваат околу 70 до 80 видови“, вели Бранко Ѓуриќ, доктор по земјоделски науки и асисент на Земјоделскиот факултет во Бања Лука.