БиХ оваа година без овошје од прва класа?

27

praski

Овоштарите од Босна и Херцеговина оваа година се соочуваат со огромни проблеми, пред се поради недостигот на овошје, но и поради неговиот квалитет кој е под знак прашалник, пишува новинската агенција Патриа.

Причина за тоа се пролетните мразови, како и долгиот дождлив период. Иако се уште не постојат точни показатели колкава економска штета ќе претрпи земјата поради лошата сезона, експертите очекуваат дека ќе се мерат во милиони.

Агрономот и сопственик на една од најголемите плантажи засадени со овошје во Високо, Суљо Селимовиќ, смета дека оваа година е најдобро овоштарите да бараат купци на пазарот за втора и трета класа на овошје, затоа што БиХ скоро и да нема висококвалитетни плодови, пишува Патриа.