БиХ: Скоро 20% од вработените конзумираат алкохол во тек на работното време

21

bih

Интернет страната за огласување работни места во БиХ, Posao.ba, спроведе онлајн истражување врз примерок од 650 испитаници, со цел да испита колку од вработените конзумираат алкохол во текот на работното време.

Резултатите од истражувањето покажаа дека 18,6% од анкетираните редовно или повремено конзумираат алкохол во тек на работното време. Од вкупниот број испитаници што одговориле дека конзумираат алкохол во тек на работното време, најголем процент отпаѓа на позицијата среден менаџмент (32,7%) и низок менаџмент (26,9%). Само 15,4% од испитаниците се на некоја од позициите топ менаџмент и 13,5% се сопственици на бизниси.

Најчести ситуации кога се конзумира алкохол во тек на работно време се деловни ручеци или канцелариски забави, додека 7,5% анкетирани изјавиле дека конзумираат алкохол без одреден повод.