БиХ воведува данок на вили, луксузни возила, необработено земјиште…

39

vila

Со цел да се зголеми стапката на вработеност и зголемување на бројот на осигурени лица, намалување на работата на црно и сивата економија, федералната Влада на Босна и Херцеговина, планира во својот мандат да ја намали стапката на социјални придонеси на работа коишто се најголеми во Европа, пишува Вечерњи лист.

Се очекува Владата на федерацијата да воведе и данок на недвижен имот, вили… Планирано е да се воведе и данок на трансакции на банките, берзите, инвестиционите фондови и осигурителните компании. Се разгледува и можноста за воведување на данок на услугите за регистрација на автомобили со воведување на посебен данок на луксузни автомобили, данок за телекомуникациски услуги со користење на мобилните мрежи, како и данок на добивка од игри на среќа, на необработено земјоделско и градежно земјиште и данок на загадување.

Според анализите содржани во документите под името “Предлози за олеснување на економијата на БиХ“, намалувањето на социјалните давачки по автоматизам предизвикува намалување на јавните приходи, па затоа тамошната Влада направи предлог мерки за да може да се намалат тие загуби. Како една од првите мерки се споменува заштеда во јавниот сектор, буџетска и небуџетска потрошувачка.