bike2Lock, систем за безбедно паркирање на велосипеди

84

bike

Фото: bike2Lock

Во технолошкиот парк Житњак во Хрватска, Томислав Вуковски, Натко Бошњак, Антонио Филиповиќ и Славен Покривко го дизајнираа системот за безбедно паркирање на велосипеди bike2Lock, пишува Пословни дневник.

Старт – ап проектот bike2Lock овозможува паркирање на велосипедот и негово безбедно заклучување со што се спречува кражба на велосипедот или негови делови. bike2lock има посебен систем на заклучување што го препознава само сопственикот на велосипедот преку единствен код.

Системот во првата фаза од имплементација на проектот планирано е да биде поставен на локации во центарот на Загреб каде се паркираат повеќе велосипеди. Во иднина се планира ваквиот систем да биде поставен и пред студентските домови и факултети, а потоа и низ загрепските населби.

Во 2015 година, според официјални податоци, во Хрватска биле украдени 1.375 велосипеди, а во 2008 година биле пријавени 360 кражби во Загреб.