Костимот за капење или популарното бикини годинава слави 69 години постоење. Еволуцијата на ова мало парче облека е една од најинтересните во светот на модата.
Нешто што започна како искористен отпаден материјал сега е вистинска модна сензација.
Пред повеќе од 100 години костимите за капење го покривале скоро целото тело, а денес приказната е сосема поинаква. Како што одминуваа децениите така истите стануваа сè помали.
Таткото на бикините е францускиот дизајнер Луи Риард, а првиот пар е произведен во 1946 година.
Појавата на бикини беше истовремено револуционерна, но и скандалозна.
Во многу земји беа забранети, а единствени кои се осмелуваа да ги носат беа холивудските актерки.
Полека, но сигурно бикините почнаа да се појавуваат и по плажите, а младите жени стануваа посмели во својот избор.
Тие беа масовно прифатени кон крајот на 80-ти години од минатиот век, а интересен е податокот што дури 85% од нив никогаш и не “допреле“ вода.
Денес има секакви модерни бикини
Истите се изработуваат од луксузни материјали како злато, сребро, кристали, а креативноста оди дотаму што има и бикини од зелена салата, метални бикини, бикини од крзно…