Бикини го прослави 69-от роденден

23

Processed with VSCOcam with f2 presetКостимот за капење или популарното бикини годинава слави 69 години постоење. Еволуцијата на ова мало парче облека е една од најинтересните во светот на модата.

Нешто што започна како искористен отпаден материјал сега е вистинска модна сензација.

shutterstock_77014951

Пред повеќе од 100 години костимите за капење го покривале скоро целото тело, а денес приказната е сосема поинаква. Како што одминуваа децениите така истите стануваа сè помали.

Таткото на бикините е францускиот дизајнер Луи Риард, а првиот пар е произведен во 1946 година.

enhanced-20633-1401814035-2Појавата на бикини беше истовремено револуционерна, но и скандалозна.

Во многу земји беа забранети, а единствени кои се осмелуваа да ги носат беа холивудските актерки.

YEPF1306696211_l

Полека, но сигурно бикините почнаа да се појавуваат и по плажите, а младите жени стануваа посмели во својот избор.

Тие беа масовно прифатени кон крајот на 80-ти години од минатиот век, а интересен е податокот што дури 85% од нив никогаш и не “допреле“ вода.

bathing-suit-bodytype

Денес има секакви модерни бикини

Истите се изработуваат од луксузни материјали како злато, сребро, кристали, а креативноста оди дотаму што има и бикини од зелена салата, метални бикини, бикини од крзно…