Бил Гејтс: 11 правила коишто нема да ги научите во училиште

328

bill-gates

Фото: Microsoft

Основачот на компанијата Microsoft и најбогатиот Американец, Бил Гејтс, во текот на својот говор што го одржал во едно средно училиште, изнел 11 правила што се многу важни во животот, а не можат да се научат во училиште.

Правило 1: Животот не е фер, навикни се на тоа!

Правило 2: Светот не го интересира твоето самопочитување. Светот те прифаќа ако постигнеш нешто пред да започнеш да се чувствуваш добро во својата кожа.

Правило 3: Нема да заработуваш 60.000 долари годишно штом завршиш средно училиште. Нема да бидеш потпретседател со службен телефон, сè додека не го заработиш тоа.

Правило 4: Ако мислиш дека учителот ти е строг, чекај да видиш кога ќе имаш шеф.

Правило 5: Печењето хамбургери не ти е под честа. Твоите претци имале друг збор за печење хамбургери: го нарекувале тоа шанса.

Правило 6: Ако згрешиш, не се твоите родители криви, не жали за своите грешки, учи од нив.

Правило 7: Пред твоето раѓање твоите родители не биле досадни како сега. Станале такви поради плаќањето на твоите сметки, чистење на твојата облека и слушајќи те како зборуваш дека си кул.

Правило 8: Твоето училиште има начин за решавање и за победниците и за губитниците, животот нема. Во некои училишта ги укинуваат негативните оценки и даваат безброј прилики да дадете вистински одговори, но тоа нема никаква сличност со реалниот живот.

Правило 9: Животот не е поделен во семестри. Нема слободно лето и многу малку вработени се заинтересирани да ви помогнат да се пронајдете себе си. Тоа правете го во слободно време.

Правило 10: Телевизијата не е вистински живот. Во вистинскиот живот луѓето мораат да го напуштат кафулето и да одат на работа.

Правило 11: Бидете љубезни кон „бубалиците“. Големи се шансите дека ќе работите за некој од нив.