Бил Гејтс е оптимист за развојот на вештачката интелигенција

13

Развојот на вештачката интелигенција ќе го олесни животот на секој човек, изјави основачот на Мајкрософт Бил Гејтс во интервју за Си-Ен-Ен  на Светскиот економски форум (WEF) во Давос.
Гејтс верува дека потрошувачите лесно ќе пристапат до вештачката интелигенција, преку телефон или компјутер поврзан на интернет и дека на многумина ќе им олесни да ги извршуваат работите што не ги сакаат.

Тој изјави дека подобрувањата што ги носи генеративниот систем за вештачка интелигенција Chat GPT-4  се извонредни, бидејќи овој четбот сега може „да биде учител, да дава здравствени совети, да помогне во пишувањето код“.

Гејтс особено ги истакна придобивките од користењето на вештачката интелигенција во областа на образованието и здравството. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оваа недела објави многу помрачна прогноза во однос на употребата на вештачката интелигенција бидејќи верува дека новата технологија ќе ги зголеми постоечките нееднаквости меѓу богатите и посиромашните земји во светот.