Бил Гејтс испадна од листата на Форбс на десетте најбогати Американци

Оваа година, за прв пат од 1991 година, коосновачот на „Мајкрософт“ и некогаш најбогатиот Американец, Бил Гејтс, не е меѓу 10-те најбогати луѓе во Соединетите Американски Држави на моменталната листа на „Форбс“.

Неговото богатство се проценува на 107 милијарди долари, а Гејтс со тоа го зазеде 14-то место, зад бизнисменот Мајкл Блумберг и пред наследничката на синџирот „Волмарт“ Алис Волтон.

Падот на Гејтс на листата не е резултат на деловни загуби, туку резултат на неговиот план да го насочи речиси целото свое богатство кон Фондацијата Гејтс.

Printscreen-Фото