Бил Гејтс ја напушта управата на Microsoft и Berkshire Hathaway

97

Microsoft соопшти дека Бил Гејтс заминува од управата на оваа компанија. Гејтс, исто така, поднесе оставка од својата позиција на одборот на компанијата Berkshire Hathaway, пренесува CNBC.

“Одлучив да се повлечам од двете управи Microsoft и Berkshire Hathaway, да посветам повеќе време на филантропските приоритети, вклучително и глобалното здравје и развој, едукација и зголемување на ангажманот во борбата против климатските промени. Раководството на Microsoft и Berkshire Hathaway никогаш не било посилно, така што ова е вистинското време за овој чекор“, рече Гејтс.

Tој додаде дека отстапувањето од управата на Microsoft не значи отстапување од компанијата, туку и понатаму ќе се ангажира во обликувањето на визијата и постигнувањето на амбициозни цели на компанијата.

Фото: Facebook