Бил Гејтс падна на петто место

51

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, падна на петтото место на листата на Forbes за најбогати луѓе во светот. Гејтс е еден од најбогатите луѓе во светот од 1987 година и ова е првпат да биде под третото место откако Forbes започна да ја објавува својата листа.

Инвестициската компанија на Гејтс, Cascade Investment LLC (CAS), во четвртокот пренесе акции во вредност од 2,4 милијарди долари на неговота сопруга Мелинда со која е во фаза на развод.

Гејтс во моментов вреди 129,6 милијарди долари, додека Марк Цукерберг, основачот на Facebook е четврти со 132 милијарди долари.

Фото: Facebook