Бил Гејтс предвиде што ќе ги замени паметните телефони во иднина

200

Поранешниот шеф на Мајкрософт, Бил Гејтс е воодушевен од производот на Chaotic Moon – иновативна електронска тетоважа.

Инвеститорот и филантроп Бил Гејтс со тек на време стана еден вид техно гуру на новата технолошка реалност. Ко-основачот на Microsoft неодамна предвиде дека наскоро ќе пристигне технологија која, меѓу другото, ќе ги замени сите паметни телефони.

Ова не е првпат Гејтс да предвидува работи кои ќе го променат светот – зборуваше за нова пандемија која ќе му се заканува на светот, а неодамна зборуваше и за технолошкиот концепт на „електронски тетоважи“, пишува Marca.

Станува збор за производ на компанијата Chaotic Moon – биотехнолошки уред кој се обидува да анализира и собира информации од човечкото тело. Оваа тетоважа  може да собере здравствени информации со кои ќе можеме да ги спречиме и контролираме инфекциите и со текот на времето да ги подобриме работите како што се перформансите на спортистите.

Иако оваа електронска тетоважа е сè уште во развојна фаза, познато е дека привремено ќе се нанесува на кожата со помош на мали сензори и придружници кои испраќаат и примаат важни информации со помош на специјално мастило кое спроведува струја.

Се чини дека првичната имплементација на електронските тетоважи не беше доволна за Гејтс, кој смета дека ваквите уреди би можеле да станат замена за денешните паметни телефони. Гејтс ја замислил оваа технологија како ефикасен начин за остварување повици, испраќање пораки и пребарување на адреси.

Иако не знаеме колку долго ќе чекаме до пристигнувањето на првата електрична тетоважа, Гејтс и неговиот тим бараат начин да ја искористат за повеќето од задачите што ги извршуваат денешните паметни телефони.