Бил Гејтс вложува 2 милијарди долари во зелена енергија

25

bil-gates-vestacka-inteligencija-01Најбогатиот човек во светот Бил Гејтс во интервју за американското списание Atlantic изјави дека ќе вложи 2 милијарди долари од своето богатство во зелена енергија. Тој ги охрабри и другите светски милијардери да направат слични подвизи, односно да помогнат да се спречи користењето на фосилни горива во САД до 2050 година.

“Приватниот сектор е премногу себичен и неефикасен за да пронајде алтернативни решенија за фосилните горива. Од тоа не може да се направи богатство. Дури и ако имате нов извор на енергија кој чини исто како и досегашниот и не емитува штетни гасови, неговата иднина е неизвесна во споредба со испробаните и функционални методи коишто ги поминаа сите регулаторни препреки”, вели Гејтс во интервјуто.

Според него, Владата на САД треба да одвои 18 милијарди долари годишно на развој и истражување на овој вид на енергија, а тоа е речиси три пати повеќе од моменталната одвоена сума.