Бил одбиен од инвеститори 80 пати, стана дел од Apple и влезе во историјата

577

Неговата компанија имала 80 излагања пред инвеститори и фондови и сите му покажале палец надоле и го одбиле.

За тоа колку е важно да се биде упорен и да се верува во себе и она што го работите, најдобар пример е Тони Фадел, познат како татко на iPod. Тој во почетокот на 2000 година влегол во Apple како консултант, но неговата идеја за мал музички плеер со вграден хард диск го привлекло вниманието на Стив Џобс.

Тони Фадел беше поранешен вработен во General Magic и Phillips кој сакаше да измисли подобар MP3 плеер. Откако беше одбиен од RealNetworks и Phillips, Фадел најде поддршка за неговиот проект со Apple. Тој беше ангажиран од Apple во 2001 година како независен изведувач кој го предводеше тимот од триесетина лица за да го развие новиот MP3 плеер. Кога го напушти Apple, тој ја основаше Nest Labs, чија цел е да помогне во заштеда на енергија во домот. Во 2014 година интернет гигантот Google  ја купи компанијата Nest Labs за 3,2 милијарди долари. Nest Labs произведува термостати и детектори за чад, кои можат да се поврзат на интернет.

Но, малкумина знаат дека патот до овој голем успех на Фадел бил прилично трнлив и како што сам признал на една конференција, по деценија неуспех.

Кариерата на почетокот на 90-те ја почнал во General Magic, па во Phillips, а потоа ја основал својата компанија Fuse Systems. Неговата компанија имала 80 излагања пред инвеститори и фондови и сите го одбиле. Иако се обидувал да ги помести границите и покрене свои проекти, луѓето константно му говореле дека не е во право.

Сепак, за него на крајот од деведесеттите се покажаа како темел за главните работи кои почнаа да му се остваруваат во почетокот на новиот век.

Фото: Facebook