Словачката компанија Design develop го разработи проектот Gregory, чија цел е да даде одговор на глобалниот проблем поврзан со бездомници.
Станува збор алтернативен станбен простор, којшто од надворешната страна ќе биде рекламен простор – билборд.
Билбордите се скапи за поставување, одржување и изнајмување, а токму проектот Gregory би ги оптимизирал овие трошоци бидејќи ќе добие уште една важна улога – станбен простор.
Во внатрешноста на билбордот се “крие“ ходник, кујна со мал работен дел и кревет. Во другиот дел е поставен тоалет со лабаво и туш кабина.
Доколку пилот проектот даде добри резултати, се очекува вакви билборди да бидат поставени низ цела Словачка.