Binance доби забрана за работа во Италија

80

Платформата за тргување со криптовалути Binance не може да работи во Италија, соопшти италијанското регулаторно тело, приклучувајќи се кон земјите ширум светот што ја блокирале нејзината работа.

Компаниите во рамки на Binance Group не се овластени да пружат инвестициски услуги и активности во Италија и покрај тоа што на нејзината интернет страница нудат информации и на италијански јазик.

Binance е меѓу најголемите светски платформи за тргување со криптовалути, а нуди широка палета на услуги на корисниците низ целиот свет.

Неговиот канал за италијански јазик на услугата за размена на пораки, Telegram има над 25.500 членови.

Британското финансиско регулаторно тело ѝ забрани на Binance да работи во нејзината земја, а црвено светло сигнализираат и Германија, САД и Тајланд.

Вредноста на трансакциите на платформата во јуни достигна 668 милијарди долари и е 10 пати повисока во однос на мај минатата година.

Фото: Pixabay