Био – фрижидерот на Coca – Cola работи без струја

36

coca-cola

Агенцијата Leo Burnett и Интернационалниот центар за физика во Богота, искористија две древни методи за разладување и создадоа био – фрижидер кој работи без струја. Со наводнување на растенијата на кровот на уредот се ослободува пареа, која ја лади комората. Потоа, преку огледало инсталирано во уредот, топлината на сонцето се користи за да ја врати пареата во течност, што создава уште поголем ефект на ладење.

Проектот е развиван околу една година, а оние што работеле на него тврдат дека фрижидерот лади повеќе кога е потопло. Компанијата се одлучи овој фрижидер да го постави во најтоплото место во Колумбија, Аипир, каде температурите стигаат до 45 степени целзиусови.