Биографија на најбогатата жена во светот

290

Родена е на 10-ти јули 1953 година во Франција, а денес е најбогата жена во светот. Станува збор за Франсис Бетенкор Мејер, чие богатство според магазинот Forbes,сега се проценува на 80 милијарди долари.

Таа е внука на основачот на L’Oreal, Еуген Шулер и наследи богатство во 2017 година по драматична правна битка со близок пријател на нејзината мајка.

Нејзиниот дедо беше фармацевт кој создаде нова формула за бојадисување на коса што ја нарекол L’Oreal. Нејзината мајка, пак, Лилиен Бетенкор, го наследила целото богатство од нејзиниот татко во 1957 година и станала важна личност во општествениот живот. Таткото на денес најбогатата жена во светот, Андре Бетенкор, бил француски политичар, кој бил ангажиран како министер и сенатор. Семејството на Франсис во Франција било познато по своите гламурозни забави, но таа никогаш не водела таков начин на живот, па сакала времето да го поминува свирејќи пијано или пишувајќи, пренесува Business Insider.

Односот на мајката и ќерката Бетенкор бил проследен со низа скандали, а Франсис тврдела дека најблискиот пријател на нејзината мајка, фотографот Франсоа Мари Бание, ја искористил својата платонска љубовна врска за да манипулира со старата богаташка која му дала готовина, недвижнини и уметнички дела во вредност од околу 1,86 милијарди долари.

Франсис наследува десетици милијарди долари откако починала нејзината мајка во 2017 година.

Освен тоа што живее поинаков живот од нејзината мајка и е мажена на Жан Пјер Мејерс со кого има два сина, многу од работите во приватниот живот се непознати за јавноста.

Франсис е претседател на филантропската организација на нејзиното семејство што го поддржува напредокот на науката и уметноста во Франција. Таа донирала 226 милиони долари за реконструкција на катедралата Нотр Дам, што беше зафатена од пожар во 2019 година.

Фото: Facebook