Биохемиска фабрика во Италија ќе произведува суровини за пластика од остатоци од пченка

122

novamont-logo

Италијанската биохемиска компанија Novamont ја отвора првата фабрика за производство на хемиски компоненти, што се користат во производството на пластика, од обновливи суровини, пишува La Stampa.

Компанијата инвестираше 100 милиони евра во ревитализирање на стара фабрика во близина на градот Ровиго, каде што ќе произведува био – бутандиол (дериват на бутанот) од шеќерите што ги содржат остатоците од пченка. Во индустриското производство бутандиолот досега се користеше за фосилно гориво.

Добиените хемиски компоненти најмногу ќе се користат за производство на биоразградлива пластика за кеси за овошје и зеленчук, прехранбени производи и кеси за купување.