BioNTech може да го зголеми германскиот БДП за 0,5% оваа година

83

Развојот и домашното производство на револуционерна вакцина против Ковид-19 лансирана од германската компанија BioNTech може да го зголеми економскиот раст на најголемата европска економија до 0,5 процентни поени оваа година.

Германската економија оваа година расте со околу 4%, откако минатата година падна за 4,6% поради пандемија.

Благодарение на револуционерниот развој на вакцина против коронавирус базирана на mRNA технологија, BioNTech може да биде заслужен за раст на бруто домашниот производ (БДП) во 2021 година, според проценките на Себастијан Дулиен, шеф на истражувачкиот центар во Институтот за Макроекономска политика, пренесува Ројтерс.

“Не можам да се сетам на друг пример каде една компанија имала такво влијание врз германскиот БДП“, рече Дулиен.

Тој рече дека како макроекономист, обично не гледа во поединечни компании.

“Меѓутоа, понекогаш има ретки случаи во кои одделни компании имаат макроекономско значење. BioNTech е толку редок пример “, рече Дулиен.

Фото: Facebook