BioNTech очекува приход од над 15 милијарди евра благодарение на вакцината против Ковид

47

Германската биотехнолошка компанија BioNTech  соопшти дека нејзините приходи се удвоиле во вториот квартал благодарение на продажбата на вакцината против Ковид -19, предвидувајќи дека ќе достигне 15,9 милијарди евра за целата година.

Во вториот квартал, приходите на германската компанија која ја разви вакцината во соработка со американски Pfizer се искачи на 5,31 милијарди евра. Во истиот период минатата година, таа изнесуваше 41,7 милиони евра.

Нето добивката изнесувала 2,79 милијарди евра во периодот од април до јуни. Вториот квартал минатата година компанијата го заврши со загуба од 88,3 милиони евра.

Тие наведуваат дека заедно со Pfizer, до 21 јули оваа година, доставиле повеќе од милијарда дози вакцина во повеќе од 100 земји и територии низ светот и потпишале договори за испорака на приближно 2,2 милијарди дози.

Тие очекуваат дека до крајот на оваа година, нивниот годишен капацитет за производство на вакцини ќе достигне три милијарди дози, а во 2022 година треба да се прошири до четири милијарди дози.

Од компанијата BioNTech проценуваат дека во финансиската 2021 година, по испораката на тековно договорените 2,2 милијарди дози вакцини, нивниот приход ќе изнесува 15,9 милијарди евра.

Фото: Pexels