BioNTech планира да го зголеми производство на вакцини на 2,5 милијарди дози

66

Германски BioNTech најави дека за оваа година планира да произведе 2,5 милијарди дози од вакцината што ја разви во соработка со американски Pfizer, што е 25% повеќе од претходно најавеното.

Производните капацитети би требало да се зголемат благодарение на “оптимизација на производниот процес“, “проширување на производната мрежа“ и одобрението од едно шишенце да се добијат шест дози од вакцината.

До 23-ти март оваа година испорачале повеќе од 200 милиони дози ширум светот.

Минатонеделната хомологација на новата фабрика во јужниот дел на Германија би требало да придонесе за зголемување на капацитетите. Фабриката, оддалечена стотина километри од Франкфурт, е втор погон за производство на нивната вакцина, покрај оној во Белгија.

Вакцината, којашто беше прво одобрена во САД и ЕУ, сега се применува во “повеќе од 65 земји и територии“.

“Веќе се забележуваат првите знаци на пад на бројот на заразени и смртност во повеќе земји“, рекол Угур Сехин, првиот човек на BioNTech, додавајќи дека лабораторијата сега ќе се фокусира на мутациите на вирусот и на нови клинички испитувања.

Овој месец почна испитување на вакцината на деца од шест месеци до 12 години.

Фото: Facebook