Bios Incube – урна со пепел во којашто расте дрво

44

bios

Bios Incube е првиот систем во светот којшто е дизајниран да им помогне на луѓето да ги зачуваат сеќавањата од нивните блиски кои не се повеќе меѓу нив.

Станува збор за биоразградливата урна Bios Urn, којашто содржи хумус и семе од дрво, а во долниот дел се наоѓа пепелот од кремираното починато лице. Но, тимот направил уште еден чекор создавајќи го Bios Incube. Се работи за своевиден инкубатор што го олеснува растот на дрвото и нуди можност да се следи растот на растението засадено во биоразградливата урна.

Корисникот има на располагање и мобилна апликација што дава податоци за растот на дрвото и нуди совети за одржување. Bios Incube функционира сосема самостојно, па потребно е само Bios Urn да се постави во неговата внатрешност. Потоа се поставува сензорот на површината, којшто ги обезбедува сите потребни информации за апликацијата.