BioSand – евтин и иновативен филтер за вода

56

ohorizons_wood_mold

Непрофитната организација OHorizons создаде иновативен и евтин филтер за чиста вода – BioSand Filter.

Овој филтер користи песок, чакал и природни биолошки процеси за прочистување на контаминираната вода. BioSand Filter уништува голем број на бактерии и штетни материи, со што водата станува чиста и здрава за пиење. Особено може да биде корисно во земји коишто истовремено се соочуваат со недостиг на вода за пиење и со висока стапка на сиромаштија на населението.

BioSand 100% е направен од материи што локалното население може да ги најде, а исто така е прилично издржлив со рок на траење и повеќе од 20 години, доколку правилно се одржува. За да може правилно да работи, на BioSand не му е потребна електрична енергија и скапи делови за одржување. Филтерот се поставува на дрвената конструкција, Wood Mold, што е лесна за составување.

Планот е OHorizons, преку овој филтер, да обезбеди вода за пиење за еден милиони луѓе во Бангладеш до 2021 година.