Biotrap – биоразградлива стапица за комарци

79

Greenlid-Envirosciences-BiotrapsКанадската компанија Greenlid Envirosciences ја дизајнираше Biotrap – првата стапица за комарци што е биоразградлива, ефикасна и не е штетна за околината. Овие стапици се специјално изработени да ги заштитат луѓето од болести што ги пренесуваат комарците и се лесни за користење.

Корисникот треба само да додаде вода и стапицата ќе се погрижи за останатото. Од компанијата препорачуваат да се користи нечиста вода за погодност и во руралните и урбаните средини.

Стапиците, што се во форма на кофичка, содржат специјален привлекувач и инсектицид што ги мами женските комарци кон нив. Во секоја стапица има 0,0125 грама инсектицид и според Greenlid Envirosciences оваа минимална концентрација не е токсична. Кофичките се еден вид на почва којашто ги убива женските комарци и елиминира 95% од нивните ларви.

Кофичките, коишто се отпорни на вода и разградливи, можат да се користат четири до шест недели. Производот веќе го има во Бразил, Колумбија, Флорида, Пакистан и Хаваи. Австралиската влада, исто така има порачано голем број од овие стапици со цел да се заштити против инфекцијата денга којашто ја пренесуваат комарците.