БИП продаден за 180 милиони евра

141

Компанијата Ауто Чачак го купи АД БИП Белград за 2,09 милијарди динари (околу 180 милиони евра).

Понудата на Ауто Чачак е единствената што пристигна на јавен повик за приватизација на поранешната белградска пивска индустрија и беше прифатена, бидејќи изнесуваше повеќе од половина од проценетата цена на БИП како правно лице, пренесува Б92.

БИП е во стечај од 2016 година, и покрај главната пиварница, таа поседува недвижен имот и производствени капацитети на неколку локации во Белград, во Чачак и Крагуевац.

Новиот сопственик има законски рок од седум дена да го потпише купопродажниот договор и 30 дена да ги плати остатокот од парите.

Фото: Facebook