Бирол: 2023 година ќе биде многу потешка година за енергетскиот сектор

91

Претседателот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, изјави дека процесот по руско-украинската војна доведе до глобална енергетска криза и дека затоа 2023 година ќе биде многу потешка за енергетскиот сектор, пренесува Анадолија.

На конференцијата „Светска енергетска криза: решенија и улогата на обновливите извори на енергија“ организирана од Меѓународниот центар за енергија и клима (IICEC), Бирол рече дека многу земји во светот се изложени на ризик да влезат во рецесија поради енергетска криза.

Тој посочи дека актуелната криза негативно се одрази на глобалната економија и социјалната рамнотежа.

Зголемување на стапката на инфлација
Бирол рече дека оваа состојба предизвикала и зголемување на стапката на инфлација во земјите на ниво кое не е забележано во последните 40 години.

Тој нагласи дека трите региони кои ќе бидат најмногу погодени од светската енергетска криза во наредниот период ќе бидат земјите во развој, Европската унија и Русија.

„Реков на 1 март, една недела откако Русија ја нападна Украина, дека светот влегува во енергетска криза каква што никогаш досега не бил сведок, 2022 беше лоша година“.