
Доколку Соединетите Американски Држави и Иран наскоро не овозможат поголем проток на нафта низ Ормутскиот теснец, светот треба да биде загрижен за енергетската безбедност, предупреди денес извршниот директор на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол.
„Безбедноста на снабдувањето со нафта останува клучно прашање. Треба да бидеме загрижени, а јас сум, ако ситуацијата не се подобри во следните неколку недели“, рече Бирол на состанокот на Советот за надворешни односи во Вашингтон, објави Ројтерс.
Бирол процени дека, и покрај наглиот пораст на цените на енергијата, неколку фактори ги ублажија последиците од пазарните нарушувања.











