Bisecu, паметен катанец за велосипеди

128

bike

Фото: Kickstarter

Bisecu е автоматизиран катанец којашто на корисниците им дава сигурност дека нивниот велосипед нема да биде украден. Катанецот којшто се поставува на тркалото се синхронизира со паметниот телефон на велосипедистот преку Bluetooth и ја мери јачината на сигналот за да го препознае растојанието помеѓу уредот и корисникот. Bisecu автоматски го заклучува велосипедот додека корисникот се оддалечува и го отклучува додека пристапува кон него.

Ако некој се обиде да го украде велосипедот, уредот има аларм од 100 децибели, а корисникот ќе добие предупредување преку апликацијата за iOS и Android оперативен систем.

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter од каде треба да собере 30.000 долари. До крајот на кампањата остануваат уште 22 дена и веќе има собрано 32.625 долари.