Бислимоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината

19

Постои проблем со цените на електричната енергија и природен гас во цела Европа, во наредниот период што следи може да се очекува одредени држави пред се своето домашно производство да го користат за свои потреби, но пак ќе има трансакции на пазарот на електрична енергија и тоа ќе функционира, изјави претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

“Во делот на природниот гас, пак, кога ќе се зголеми испораката на природниот гас од Русија, горе доле ќе се стабилизира цената со природниот гас, а со тоа ќе се стабилизира и цената со електрична енергија. Ова не е проблем само во нашата земја, туку во цела Европа и веќе и европската комисија и нашата влада преземаат мерки со цел да се стабилизира ситуацијата со електрична енергија и природниот гас. Во однос на цената едно е сигурно, поскапување нема да има до крајот на годината. Колку за пример за да се види како драстично се менуваат состојбите, по најавата на Путин дека ќе ја зголеми испоракта на природен гас преку Украина, цената на електричната енергија на берзата во ХУПЕКС се намали на 20 проценти“, кажа Бислимоски.