Битиќи: Има манипулации, не може поскапувањата да бидат за 20 отсто за 24 часа

166

Не може поскапувањата да бидат за 20 отсто за 24 часа, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи појаснувајќи дека некои трговци се служат со манипулации со цените и дека ќе мора да реагираат инспекциските служби.

„Со особен интерес ги следниме цените во последните три дена на слободниот пазар и има некоректно, неетичко и неморално однесување на одредени компании кон зголемувањето на цените, што ќе наиде на одговор на институциите. Не може цената да порасне за 24 часа за 20 %, кога производствената цена не пораснала за 20 % во тие 24 часа. Тоа е една одредена манипулација кон нашите граѓани и затоа соодветно ќе реагираат инспекциските служби од кои очекувам извештај“, реагира Битиќи.