Битиќи: Цената на зејтинот достигна максимум, следува период на стабилизирање и намалување

151

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи смета дека е достигнат максимумот на цените на прехранбените продукти. Според него, цените не би требало да одат уште повисоко поради тоа што нема фактори кои би требало да поттикнат уште поголем раст.

За цената на зејтинот, Битиќи појаснува дека максимумот е достигнат и дека следува период на стабилизирање, па и намалување.

-Во моментов има зголемување на маслото за јадење бидејќи имаме прекин во синџирот на снабдување, всушност сончоглед, сончогледово семе или нерафинирано масло да дојде овде и да го рафинира за да го извади по пониска цена. Всушност, доколку расте на светската берза, дефинитивно, ќе расте и цената, но сега доаѓа летниот период кога ќе имаме наши жетви и приноси на сончоглед и, нужно, основната цена на сончогледовиот зејтин би требало да се намали, нагласи Битиќи во синоќешното гостување на емисијата „360“.