Биткинот повторно бележи раст

21

По неколку дена пад на цените, вредноста на биткоинот порасна за околу 1,15 %, па утрово со најпопуларната криптовалута се тргува по цена од околу 53.800 долари. Во претходните денови, вредноста на биткоинот падна за повеќе од 10%.

Во текот на изминатиот ден, цената на криптовалутата падна на 51.500 долари, што е практично 10.000 долари пониско од историскиот рекорд од 61.500 американски долари.

Од почетокот на 2021 година, биткоинот зајакна за 80%, а во последната година, неговата вредност се зголеми за 570%.

Фото: Pixabay