Биткоин падна под 60.000 долари

21

Најголемата светска криптовалута по пазарна вредност, биткоинот, денеска падна под 60.000 долари, но потоа малку закрепна.

Ова е прв пат од 1 ноември вредноста на биткоинот да се спушти под наведеното ниво.

За потсетување, биткоинот минатата недела постави нов историски рекорд од 69.000 долари по монета. Сепак, денеска падна на најниско ниво во последните 19 дена, а според последните достапни податоци паdot e за околу 7 отсто на дневна основа.

Во споредба со минатонеделниот рекорд, изгуби околу 14 отсто од својата вредност.
Етер, втората по големина криптовалута во светот, исто така падна на најниско ниво во последните 19 дена, паѓајќи за околу 9,7 отсто од претходниот ден на 4.109,03 долари. Втората по вредност дигитална паричка, исто така, малку зајакна во меѓувреме.

Биткоинот моментално (14,44 часот) вреди околу 60.460 долари според „КоинМаркетКап“. Етерот во моментов вреди 4,260.83.