Биткоин пензија: Американските компании почнаа да вклучуваат криптовалути во „заштедата на старост“

81

Биткоинот стигна и до пензиите. Популарноста на криптовалутите и зголемената употреба на блокчејн технологијата доведоа до тоа дигиталните валути да стигнат и до пензиските заштеди.

Така, финансиската технолошка компанија „Fidelity Investments“ објави дека во рамките на пензиската програма 401 (k), која вклучува одредени даночни поволности, ќе им овозможи на клиентите да штедат за пензионирање во криптовалути, објави Wall Street Journal (WSJ).

Според весникот, 23.000 компании кои ги користат услугите на Фиделити за управување со нивните пензиски планови ќе имаат опција да додадат биткоин во нивните пензиски програми подоцна оваа година, пренесува Ројтерс.

Фиделити со седиште во Бостон стана првиот голем провајдер кој им понуди на инвеститорите сметка за биткоин во нивната пензиска шема 401 (k), овозможувајќи им да претворат дури 20 отсто од своите пензиски заштеди во биткоин, се вели во извештајот.