Биткоин утрово – по фантастичен раст, изненадување

232

По неколкудневен раст, капитализацијата на пазарот на криптовалути денеска падна за 0,7 отсто и моментално изнесува 2,85 трилиони долари.

Истата судбина утрово ја има и Биткоинот. Во изминатите 24 часа тој падна за 1,1 отсто, иако порасна за 6,3 отсто на неделно ниво, објави веб-страницата Коингеко.
Најпознатата криптовалута во светот утрово се тргува по цена од околу 62.100 долари.

Етреумот, втората најпозната криптовалута во светот, порасна за 15,7 отсто во последната недела, а утрово се појави во црвено за 0,5 отсто.

Оваа криптовалута моментално е по цена од 4.548 долари.