Биткоинот денеска повторно под 50.000 долари

Пазарот на криптовалути продолжи да се лизга. Во изминатите 24 часа пазарната капитализација падна за 1,2 отсто и моментално изнесува 2,46 трилиони долари.

Биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, падна под 50.000 долари во последните 24 часа, според веб-страницата CoinGecko.

Биткоинот сега (околу 13 часот) се тргува по цена 49.379 долари, што значи дека неговата вредност е намалена за 2,4 отсто. Етереумот во истиот временски период забележа мал пад од 1 отсто, а се тргува по цена од 4.298  долари.