
Вредноста на Биткоинот се искачи над 112.000 долари (околу 95.000 евра) за прв пат, достигнувајќи нов рекорден максимум благодарение на силната побарувачка од институционалните инвеститори и поволното расположение на пазарот.
Водечката криптовалута во еден момент зајакна за 3,1 процент на 112.009 долари, со што нејзиниот раст оваа година достигна речиси 20 проценти, објави Блумберг.
Дополнително, технолошките акции предводени од Nvidia, кои во средата ја пробија границата од 4 трилиони долари во пазарната капитализација, дополнително ги зголемија ризичните средства на пазарот, испраќајќи го S&P 500 до речиси рекордни максимуми.











