Биткоинот е позициониран да продолжи со својот раст

54

Цената на биткоинот во последно време запишува постојан раст.

Откако „лебдеше“ околу 45.000 долари два последователни дена, криптовалутата започна подем и го проби нивото од 49.000 долари. Во времето на објавување, се тргуваше со околу 48.900 американски долари.

Се чини дека купувачите бараат повисоко ниво на поддршка, бидејќи бараат пробив до 50.000 американски долари. Покрај тоа, 200-дневниот просечен просек (SMA – simple moving average – го пресметува просекот на избраниот опсег на цени, обично цените при затворање, по бројот на периоди во тој опсег – н.з.), кој е поставен на околу 45.790 долари, продолжува да дејствува како поддршка за цената.

Тековите на Биткоин на берзите се вратија кон доминација за одливи на средства во август. Фактот дека инвеститорите го повлекуваат БТК покажува дека има силен „биков“ импулс, како и акумулација (собирање на Биткоин од страна на големи инвеститори).

Покрај тоа, акумулацијата беше дополнително поддржана со значителен пад на активноста на БТК. Ова значи дека голем дел од понудата на монети е во мирување, што сугерира дека повеќето инвеститори ги држат своите средства (HODL).

Важно е да се напомене дека постои „мечешка“ дивергенција (несовпаѓање) на дневниот индекс на релативна сила (RSI). „Мечешката“ дивергенција не се јавува кога RSI не ги потврдува новите врвови на цените.

Иако ова може да биде „мечешки“ знак, ако го погледнеме претходното движење на индексот, можеме да видиме дека истата дивергенција беше присутна кога Биткоин означи нови височини. Ова значи дека оваа несовпаѓање може да се протолкува како аргумент за продолжување на подемот.

Биткоин има пазарна капитализација од околу 922 милијарди долари, според CoinMarketCap.