Биткоинот го проби плафонот од 23.000 долари

27

Доларот се консолидираше по загубите што ги оствари во последната недела, кога го достигна двегодишниот минимум.

Во исто време, биткоинот се тргуваше на ново максимално ниво од околу 23.000 долари, откако синоќа го достигна тој рекорд, пренесува Ројтерс.

Индексот на доларот, што ја мери неговата вредност во однос на конкурентните валути, закрепна за 0,2%, но на неделно ниво има пад од 1%.

Овонеделното прилагодување на политиките на централните банки на САД, Јапонија, Велика Британија, Швајцарија и Норвешка, според оценките на аналитичарите, не би требало да имаат поголемо влијание на актуелните трендови на девизните пазари и долгорочното слабеење на американскиот долар.

Фото: Freepik